Никол веќе омажена?!
- Детали
- среда, 31 март 2010
Иако светските медиуми пренесоа дека пејачката и некогашниот првак на Формула 1 се од неодамна венчани, сепак ништо од тоа - таа е веќе омажена.
Никол Шерцингер (31) и Луис Хамилтон (25) неодмана се смирија и најавија венчавка, но, пејачката изјави дека идниот сопруг ќе мора да почека, бидејќи таа е веќе 'со години омажена...за својата работа'.
"Нaвистина веќе сум омажена за својата работа, бидејќи на кариерата и посветувам најголемо внимание. Од друга страна, не сакам туку-така да се омажам, бидејќи сакам тоа да се случи во правиот момент за сите", изјавила Никол за американскиот портал "Е!".
Иако на сцена таа делува моќно, модерно и провокативно, во приватниот живот таа вели дека е традиционална жена: "Бракот не го сметам за нешто краткотрајно, бидејќи мажот за кој ќе се омажам ќе биде оној со кој ќе го поминам цел свој живот!"