Тајра Бенкс без шминка
- Детали
- петок, 26 март 2010
Тајра Бенкс, убавата манекенка и ТВ водителка, минатава недела во Њујорк беше уловена како заминува на ручек со своите пријатели, но без грам...
... шминка на неа.
Самоуверената Тајра за разлика од сите нејзини колешки, без срам излезе во јавноста без шминка и покажа дека таа е и природна еднакво убава.
Сепак, критичарите направија мала забелешка - без помошта на магичните шминки, 'Бенкс изгледа прилично уморно и дека и треба одмор'. До неодамна оваа манекенка беше на ударот на критичарите поради вишокот од килограми, но Тајра многу брзо го реши својот проблем со тежината и тоа со помош на нутриционистката Хедер Бауер.
Тогаш многумина ја осудија дека подлегнала под хируршкиот нож, но Тајра таквите сомнежи елегантно ги отфрли и изјави дека се работи единствено за промена во нејзините прехрамбрени навики.