Спотот на Роби Вилијамс кој ги разбесни Русите
- Детали
- четврток, 06 октомври 2016
Најновиот видеоспот на Роби Вилијамс предизвика многу гнев и критики во Русија, бидејќи се чини како да ја исмева руската елита.
Руските медиуми велат дека видеото за песната „Party Like A Russian“ е расистичко и му се заканува забрана за настапување и влез во земјата.
На рускиот ТВ канал, познатиот музички критичар Артур Гаспарјан, вели дека идејата на Роби Вилијамс за Русија се чини дека е погрешно формирана и навредува.
Инаку, „Party Like A Russian“ прикажува дел од Танцот на витешкиот ред креиран од Сергеј Прокофјев за „The Apprentice“.
Во видеото Роби е прикажан како руски олигарх опколен со балерини.
Убавите танчарки служат како слугинки за богатиот маж кои дури и го ранат.
А, песната започнува со зборовите: „Потребно е да бидеш посебен тип на човек со одредена репутација за да ги одземеш парите на цела нација“.
Погледнете подетално:
Н. Г. | Црнобело