Облечете се како Ејми Вајнхаус
- Детали
- понеделник, 15 март 2010
Колекцијата која Ејми ја дизајнираше заедно со кретивниот тим на "Фред Пери", опфаќа 17 модели. Тука спаѓаат капри панталоните, кошули...
... туники, куси здолништа и јакни.
Иако Вајнхаус баш и не важи како некој голем моден пример, главните од модната куќа ја одбраа поради својата уникатност. "Ејми е остра, мудра, секси и има јасен став. Се надеваме дека нејзините и нашите фанови ќе бидат
воодушевени од колекцијата" , соопштила куќата.
Ејми која има само 26 години и нејзиниот поранешен и иден сопруг Блејк Филдер Сивил често во јавноста носат класични маички потпишани од модната куќа на "Фред Пери".
Британските медиуми веќе се пошегуваа дали проблематичната пејачка ќе успее да биде пример во било која смисла. "На колекцијата и недостасуваат уште дупки од цигари и крвави балетанки", е ироничниот коментар објавен во медиумите.