Другата страна на медалот: Зошто Ана Ивановиќ не смее да остане бремена?
- Детали
- понеделник, 19 септември 2016
Српската тенисерка Ана Ивановиќ пред само неколку месеци се омажи за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, и нивната венчавка која траеше два дена беше во центарот на вниманието.
Сега сите се прашуваат - кога бебе?
Со оваа тема се позанимаваа медиумите, па како што тие тврдат, цената за детето би била превисока.
Ана е обврзана да игра тенис до 30-та година, а само повредата може да ја одвои од теренот.
Во спротивно, на спонзорите ќе треба да им плати пенали кои може да достигнат и до 7 милиони евра, барем во случај ако остане бремена во следната година.
Ивановиќ има доживотен договор со Адидас и додека игра тенис годишно ќе добива 5 милиони евра. Ако одлучи да престане, нејзината заработка ќе падне на 1,5 милиони евра.
М. Д. | Црнобело