Принцот Вилијам признава - По 20 години, принцезата Дијана сè уште му недостасува
- Детали
- четврток, 25 август 2016
Додека бил на посета центар за палијативна нега во Лутон, Англија, принцот Вилијам запознал 14-годишно момче кое сè уште жалело по својата мајка, па решил да сподели неколку емотивни совети за да го потсети момчето дека не е само.
„Времето ги олеснува работите“ - му рекол на Бен Хајнс.
„Знам како се чувствуваш. И мене сè уште ми недостасува мајка ми, а веќе поминаа 20 години откако почина“ - додал тој.
Принцот Вилијам имаше само 15 години кога принцезата Дијана почина во сообраќајна несреќа во 1997-та година.
Како продолжил разговорот и во сеќавање на тоа дека принцезата Дијана беше способна емотивно да се поврзе и со непозната личност решил да продолжи со утехата.
Приказната на младото момче толку го допрела принцот што го замолил: „Вети ми дека ќе споделуваш со својот татко. Ние мажите не сакаме да ги споделуваме своите емоции.“ - додал.
Од посетата на центарот:
Н. Г. | Црнобело