Младен, надвор од мојот стан!
- Детали
- петок, 05 март 2010
Во последно време се повеќе се зборува за романсата од Големиот Брат помеѓу Анабела и Младен. Иако неодамна даде изјава дека нема да зборува повеќе...
...на оваа тема, поранешниот маж на Анабела, Гаги Џогани, повторно го искажа своето незадоволство од љубовниот живот на својата сопруга.
“Често одам во станот кој остана на Анабела, затоа што мојот стан е мал и децата не би го имале тој комфор. Анабела и јас сме разведени, но јас се грижам за децата исто како кога бевме во брак. Заради тоа, да бидам искрен, не би сакал Младен еден ден да живее со нив, затоа што сакам моите деца да имаат мир.“
“Сметам дека моите деца не треба да бидат вмешани и не треба ова да има влијание. Нина има само 5 години и таа не ни знае што е тоа реално шоу. Но, Луна има 14 години и не сакам да биде доведена во ситуација да треба да споделува мислење за врската на својата мајка со било кого.“