Кејт Мос ќе биде балерина?
- Детали
- понеделник, 01 март 2010
Кејт Мос, топ модел, ѕвезда на многу музички спотови, а поради Михаил Баришњиков со кого наскоро ќе сними краток филм, и балерина! Супермоделот...
... ќе изведе балетска точка со легендарниот Михаил Баришњиков за потребите на снимањето на краток филм кој е во режија на Мајкл Кларк.
Филмот ќе биде прикажан на една хуманитарна гала вечер, по што ќе продолжи 'уметничкиот' живот во една галерија како сите би можеле да уживаат во танцот на Баришњиков (62) и Мос (36).
Кејт веќе подолго време зема часови од Мајкл Кларк по што во наредните 3 месеци ќе може да вежба со згодниот Михаил, кој повеќе од вас го паметат како момчето на Кери Бредшо од позната серија "Сексот и градот".
Снимањето на филмот е закажано за Јули оваа година во Марсеј.