7 ѕвезди кои отворено изјавиле дека се бисексуалки
- Детали
- среда, 01 јуни 2016
Ѕвездите се секогаш следени, секогаш под бурното око на папараците, но и на јавноста и секогаш ќе сакаме да откриеме што се случува надвор од нивниот јавен живот.
Ова веројатно би се согласиле дека посебно важи за нивниот сексуален и љубовен живот.
За нивното сексуално определување отсекогаш се шпекулирало, а некои од нив си ја отвориле душата и јавно признале дека ги привлекуваат и мажи и жени.
Кои ѕвезди отворено изјавиле дека се бисексуалки?
1. Меган Фокс
Во интервју за Esquire изјавила: „Јас сум бисексуалка и не се двоумам околу тоа. Но, истовремено сум и лицемерна, бидејќи никогаш нема да бидам со девојка која е бисексуалка. Затоа што, тоа значи дека спиела со други мажи, а мажите се толку валкани што никогаш не би посакала да бидам со девојка која спиела со мажи“.
2. Амбер Херд
Пред да стапи во брак со Џони Деп, Амбер Херд била во таен брак со Тасја Ван Ри.
3. Анџелина Џоли
„Сум сакала жени и сум спиела со нив. Ако умеете да сакате жени и да сакате да ги задоволите, а посебно ако сте и вие жена, тогаш значи знаете како да правите одредени работи“ - изјавила актерката која моментално е во брак со Бред Пит и има 6 деца.
4. Дру Баримор
„Дали жените сексуално ме привлекуваат? Да, целосно. Отсекогаш сум се сметала за бисексуалка. Го сакам женското тело“ - изјавила актерката во интервју за Contact.
5. Ферги
Пејачката ги потврди шпекулациите за нејзиниот сексуален идентитет во 2009-та година.
6. Амбер Роуз
„Отворена сум кога е во прашање сексуалноста. Можам да бидам заљубена и во жена и во маж. Можам да пронајдам убавина во секого, без разлика дали е слаба личноста или полна, без разлика на бојата на кожата или националноста“ - изјавила Роуз.
7. Лејди Гага
Уште на самиот почеток од нејзината кариера, Лејди Гага никогаш не го криеше своето сексуално определување.
Н. Г. | Црнобело