Ноле ќе одмара со девојката
- Детали
- среда, 02 декември 2009
Новак Ѓоковиќ едвај го дочека крајот на оваа тениска сезона за да може “со својата најголема љубов во животот“, девојката Јелена да оди на скијање...
...и на одмор за да ги наполни батериите.
Тој се мисли дали прво да отпатува во Австрија или да остане во Србија и да ужива на Копаоник.
“Време е за заслужен одмор, одиграв повеќе од 20 меча оваа сезона, на последниот турнир бев прилично исцрпен и не дадов се од себе“, вели Новак.
Тој обожава скијање. Уште кога бил мал тоа бил неговиот омилен спорт.
“Толку многу сакам да скијам што дури и сум подготвен да ризикувам да бидам повреден.“
“Многу луѓе ми велат да не го правам тоа, но кога нешто сакам никој не може да ме спречи.“
“Кога имав 11-12 години скијањето ми беше над тенисот, но тогаш го направив крајниот избор и моја професија стана тенисот“ вели Ноле.