Невини до свадба: Кои ѕвезди невиноста ја изгубиле на првата брачна ноќ?
- Детали
- среда, 17 јуни 2015
Познати пејачки и модели за кои веројатно тешко дека ќе поверувате, но сепак тврдат дека невиноста ја изгубиле на првата брачна ноќ.
Иако е секси фантазија за сите мажи на планетава, заштитното лице на Викторијас Сикрет, Адријана Лима, прв пат имала секс на 27 години, кога се омажи со Марко Јариќ.
Атрактивната пејачка и актерка Џесика Симпсон исто така се држела до правилото „нема секс пред брак,“ па невиноста ја изгубила на 22 години кога се омажи со пејачот и актер Ник Лаше.
Лудата русокоса од „Пријатели“, Лиса Кудроу, првиот секс го имала на 32 години кога се омажила.
Крис Мартин, фронтменот на Coldplay самиот признава дека не секогаш се снаоѓал со девојки, па ја чекал првата брачна ноќ за да си ја испроба машкоста. Првиот секс го доживеал на 22 години, кога се венчал со Гвинет Палтроу.
Канадската пејачка Селин Дион невиноста ја изгубила на 20 години, кога се омажила за 26 години постариот продуцент Рене Анжелила.
Кери Андервуд, која се прослави по победата на Американски Идол, призна дека првиот секс го имала на 27 години кога се венчала со Марко Фишер.