Ѕвездите на Twilight
- Детали
- вторник, 10 ноември 2009
Во пресрет на промоцијата на второто продолжение на Twilight сагата “New moon“, кој ќе се појави во кината на 19 ноември, Kristen Stuart и Robert Patinson...
...се фотографираа за декемвриското издание на Harper’s Bazaar.
Кристен и Роберт моментално се во Ванкувер каде го снимаат третиот дел од успешната сага - ,” The Eclipse”.
И во ова интервју двојката била прашана дали се заедно во приватниот живот.
Иако некои таблоиди објавија и дека во меѓувреме тие раскинале, Роберт и Кристен само се насмевнуваат на ваквите трачеви и тврдат дека никогаш не биле пар.
Роберт изјавил дека најмногу се грижи за својата коса и сака секогаш да биде уреден, а добил и пофални зборови од Кирстен за неговото пеење.