Што бара Кристијано Роналдо од шминкерот и фризерот?
- Детали
- среда, 04 март 2015
Кристијано Роналдо има свој музеј и своја восочна фигура во Мадрид од декември 2013 година. Но, ниедна популарна личност не посветува толку многу внимание на нејзиното одржување.
Тој е познат по своето претерување и каприциозно однесување, но никој не веруваше дека знае и да ги надмине границите.
Имено, Роналдо секој месец испраќа фризер и шминкер во музејот за да ја средат неговата восочна фигура. На тој начин сака да биде сигурен дека статуата е совршена.
Косата на восочната фигура не е перика, туку е од природни влакна кои се увезени од Индија. Затоа неговиот фризер има обврска да ја средува фризурата на восочниот Роналдо, минимум еднаш месечно.
Шминкерот е задолжен за одржување на лицето.
Ова се само дел од причините на листата поради кои некои луѓе навистина не можат да го поднесат светскиот голгетер.