Лејди Гага тајно се венчаше во Њујорк
- Детали
- четврток, 29 јануари 2015
Лејди Гага и нејзиното момче Тејлор Кини се заедно од 2011-та година, а на почетокот на ова година решија да ја официјализираат љубовта.
Според Daily Mail, 28-годишната пејачка и 33-годишниот актер организирале интимна венчавка во Joanne Trattoria, ресторанот во Њујорк кој го поседуваат родителите на Лејди Гага.
„Немаа време да планираат венчавка, па одлучија дека тоа ќе биде мал собир на кој ќе им покажат на најсаканите луѓе дека се обврзуваат еден кон друг. Затоа присуствуваа само двете семејства и неколку блиски пријатели на Гага“, вели таен извор за светските таблоиди.
Истиот тврди дека парот планира да се венча „соодветно“ и гламурозно следната година, кога ќе има повеќе време.