Рурк со 24-годишна манекенка
- Детали
- четврток, 10 септември 2009
“Изгужваниот“ поранешен убавец Мики Рурк (55) овие денови лудува во лондонските клубови во друштво на заносна долгонога блондинка. И тоа не би...
...било чудно и интересно за папараците доколку Рурк не се појавуваше со неа редовно веќе неколку дена, па се смета дека тие двајца се веќе во врска.
Се што се знае е дека девојката е манекенка, има 24 години и се вика Елена.
Сведоците кои ги видел заедно, тврдат дека глумецот не го симнува погледот, а ни рацете од неа. На новинарското прашање дали се во врска со Руск, Елена само се насмеала и рекла:
- Само сме пријатели, но веќе долго се знаеме. (Од 15 години или?)
Дали се само пријатели ќе покаже времето.
Судејќи по се, се чини дека Рурк го загризал љубовниот мамец. Бидејќи до сега веќе беше во брак со 2 манекенки, можеби Елена е трета среќа.