Како ќе изгледа сцената на Евровизија 2014? (фото)
- Детали
- понеделник, 28 април 2014
Изборот за песна на Евровизија е едно од најголемите шоуа кое ја собира речиси цела Европа на едно место. Колку и да се зборува за разменети гласови, лесни песни и настапи, сепак е традиционален настан кој успева да го привлече вниманието.
Што и да се зборува околу Евровизија, повторно е предизвик да се избере претставник, да се вложи труд за најдобро да се претстави татковината.
Секој сака барем на неколку минути да застане на таа магична сцена пред цела Европа.
Оваа година Евровизија се одржува во Копенхаген, Данска од 6-ти до 8-ми мај во концертната хала B&W Hallerne.
Сцената е веќе почетно поставена и можат да се видат ексклузивни фотографии за тоа како ќе изгледа местото каде нашата Тијана Дапчевиќ ќе заблеска и ќе ја крене на нозе целата публика со енергичната песна „To the sky“.
Погледнете како изгледа евровизиската сцена:
Потсетете се на песната со која Тијана ќе нè претставува: