Фарел со солзи радосници поради виралните видеа на „Happy“ (видео)
- Детали
- вторник, 15 април 2014
Песната „Happy“ на Фарел Вилијамс веќе пола година е вистински хит низ целиот свет. Позитивна и весела, лесно певлива и прифатлива за сите луѓе и сите генерации.
Токму поради тоа се прошири брзо, луѓето од различни земји, градови, националности и возрасти танцуваа по улици, снимаа видеа и беа среќни.
Фарел создаде ремек – дело со кое ја врати насмевката и бојата во сивилото.
Сите снимени видеа со танцување беа најсоодветен одговор, реакција и благодарност која публиката му ја возврати.
Сето тоа Фарел можеше да го погледне во специјалната емисија на Опра. Кога некој ќе успее на толку позитивен начин да обедини илјадници среќни луѓе и тоа ќе го види, не може, а да не биде трогнат и да не заплаче од радост.
Погледнете ја реакцијата на Фарел Вилијамс: