Арктик Манкис, Дејвид Боуви, Ели Голдинг меѓу победниците на Brit Awards 2014
- Детали
- четврток, 20 февруари 2014
На годинешните Brit Awards 2014 повеќе од очекувано беа наградени оние кои навистина беа актуелни изминатава година.
Големи хитови и музички имиња блеснаа на сцената. Шоуто го водеше Џејмс Корден, кој одлично ја забавуваше публиката.
Ексклузивна беше изведбата на Бијонсе на нејзината песна „ХО“ од новиот албум која им ја посвети на своите обожаватели. Настапи имаа и Лорди, Фарел Вилијамс, Кети Пери, Рудиментал, Бруно Марс, Арктик Манкис и многу други.
Ова се добитниците на британските музички награди:
Најдобра британска пејачка: Ellie Goulding
Најдобра интернационална пејачка: Lorde
Најдобар британски пејач: David Bowie
Најдобар интернационален пејач: Bruno Mars
Најдобра британска група: Arctic Monkeys
Најдобар дебитант: Bastille
Избор нa критиката: Sam Smith
Глобален успех: One Direction
Најдобар британски сингл: Rudimental, "Waiting All Night"
Најдобра интернационална група: Daft Punk
Најдобар британски албум: Arctic Monkeys, AM
Најдобро видео: One Direction, "Best Song Ever"
Британски продуцент на годината: Flood & Alan Moulder
Погледнете го настапот на Фарел Вилијамс со кој се затвотри шоуто: