“Да бев овде ќе бев лезбејка“
- Детали
- среда, 03 јуни 2009
Верувале или не Карл Лагерфелд неодамна за прв пат ја посети Москва, а со цел прикажувањето на Шанеловата пред есенска колекција Париз-Москва.
Иако Москва го инспирирала за колекцијата, Лагерфелд не искажал посебно воодушевување од посетеното. По само еден ден во руската метропола напишал цела листа на жалби посебно кон машката популација.
“Мислам дека жените овде се поубави од мажите. Да сум жена и да живам овде, ќе бев лезбејка. За време на престојот сретнав само еден згоден маж и тоа е дечкото на Наоми Кемпбел. Тој е прекрасен, а останатите се апсолутно неинтересни.“
Карл бил разочаран и од понудите на рестораните. Ниту еден ресторан не успеал да му подготви добра риба и зеленчук на скара. Среќа со себе си зел замрзнати оброци кои му ги подготвил сопствен кувар во Париз.
Разгледување на знаменитости не му паднало воопшто на ум затоа што се смета за “информирана личност“ и “прочитал се за старите згради кои би требало да ги посети“ и воедно попрво би читал за знаменитостите отколку да ги посетува..
“Никогаш нема да бидам разочаран од сопствената фантазија, но реалноста е сосема друга приказна.“