Модата на 55-то доделување на Греми наградите
- Детали
- понеделник, 11 февруари 2013
Богатите и славни убавици вчера вечер се собраа на црвениот тепих да го прослават 55-то доделување на Греми наградите.
Оваа година дамите се одлучија за едноставни а моќни модни креации, но од сите нив Ријана најмногу изненади привлече најголемо внимание. Таа се појави во раскошен црвен фустан на кој никој не остана рамнодушен.
Кети Пери пак, за разлика од Ријана и Бијонсе кои добија најголеми пофалби, уште еднаш се здоби со титула за најневкусно облечена на овој настан.
Кели Роуланд изненади со отмен црн фустан низ кој покажа малку повеќе кожа, додека Бијонсе блесна со едноставноста како што умее.
Погледнете како изгледаа голем број од светските убавици на црвениот тепих.
Погледнете ја целата фото галерија од ѕвездите на црвениот тепих тука