И по смртта прават милиони
- Детали
- четврток, 25 октомври 2012
Која почината славна личност направи најмногу пари оваа година? Помош: не е Мајкл Џексон. Скролајте надолу и дознајте.
Место бр.5: Пејачот Боб Марли ги заокружува првите пет. Реге ѕвездата заработи $17 милиони долари минатата година. Тој стана многустран бизнисмен од задгробниот свет. Сега постои Марли компанија за пијалоци што го продава Marley’s Mellow Mood, пијалок за „релаксација„. Потоа тука е и House of Marley која продава слушалки, звучници и торби.
Место бр.4: Творецот на Снупи, Чарлс Шулц е четврторангиран со заработени $37 милиони долари. Шеесет години по дебито на стрипот, Чарли Браун и неговите пријатели се уште се многу популарни. Снупи е 9тата најдоходовна франшиза, носејќи $2 милијарди долари од малопродажба на глобално ниво.
Место бр.3: Со заработка од $55 милиони долари, Елвис Присли ја заработи истата сума како и во 2011. Исто како и во случајот со Мајкл Џексон, Cirque Du Soleil направи цело шоу базирано на музиката на Присли. Но, картите не се распродаваа така брзо и затоа шоуто беше откажано, Последната изведба на “Viva Elvis” во MGM Aria беше на 31 август. За среќа на Кралот, сообраќајот беше навистина густ оваа година во Грејсленд и тоа придонесе да се надополни празнината од неостварениот доход од “Viva Elvis”.
Место бр.2: Кога станува збор за заработувачка на починатите славни личности, тешко е да се надмине Мајкл Џексон. Поп пејачот, кој почина во 2009 на 50 годишна возраст, заработи повеќе од било кој жив уметник во изминатите 12 месеци: $145 милиони долари. Но, оваа година тоа не е доволно за да биде на врвот на оваа листа.Наместо тоа, Џексон е втор.
Место бр.1: Превземајќи го местото на Мајкл Џексон, на врвот на оваа листа е Елизабет Тејлор. Гламурозната актерка, која имаше 79 години кога почина лани, заработи неверојатни $210 милиони долари изминатата година! Најголемиот дел од овие пари се од рекордната аукција во Christie на која беа продадени накит, облека и уметнички дела кои беа сопственост на оваа ѕвезда. Приходот од неколкудневната аукција беше $184 милиони долари. Најскапиот предмет беше слика на Ван Гог од 1889 год. која беше продадена за $16 милиони долари. Останатиот дел од парите дојдоа од продажба на имотот и од филмовите на Тејлор.