Алиша Кис ја купува прекрасната куќа на Еди Марфи
- Детали
- четврток, 25 октомври 2012
Алиша Кис го купува имотот на Еди Марфи за $12 милиони долари.
Хитмејкерот на песната “No One”, Алиша Кис, е блиску до постигнување на договор за имотот на ѕвездата од Shrek - Еди Марфи во Њу Џерси, каде што ќе живее со нејзиниот сопруг Свиз Битс и нивниот двегодишен син Египет. Малечкиот ќе има многу простор за играње затоа што таа исто така планира да ги купи и двата хектари земјиште зад имотот во Енглвуд.
Се чини дека Алиша постигнала добра зделка за петхектарската ѕидана вила, наречена Бабл Хил, која што на пазарот се појави пред 7 години по цена од $30 милиони долари, и која ќе и пружи многу можности за мешање на бизнисот со задоволството затоа што може да поминува време со нејзиниот син дома додека истовремено го снима новиот материјал во приватното студио. Вилата располага со 32 соби, вклучувајќи 8 спални соби, тениски терени, два лифта, 10 бањи и 4 тоалети.
31 годишната убавица нема да мора да се грижи за излегувањето од дома со лоша фризура затоа што на имотот има мал спа центар кој содржи повеќе работни површини за средување на косата и шминката.
И како јаготка на шлагот, Алиша, Свиз и Египет ќе се греат и уживаат во зимата благодарение на неколкуте мермерни камини на имотот, плус може да се опуштаат во затворениот базен и да бидат сигурни дека на нивниот син ќе му завидуваат идните соученици затоа што ќе му приредуваат роденденски забави во приватната куглана на имотот.
Ова не е прв пат Алиша да купува куќа од некој славен откако плати $14.5 милиони долари за 16 собниот апартман на Лени Кравиц во 2010.