Откриени детали за венчавката на Бред и Анџелина
- Детали
- понеделник, 20 август 2012
Кога две славни личности како Анџелина Џоли и Бред Пит прават венчавка, колку и да сакаат да ги сокријат деталите за свадбата, речиси е невозможно нешто да не се открие.
Ова се најинтересните детали кои испливаа деновиве на површина:
1. Нивниот француски замок има капела каде ќе го кажат судбоносното „да“.
2. На влезот е поставена голема стаза за мотори, во случај Анџелина да посака да се провозат на мотор.
3. Гостите ќе можат да шетаат околу 20 фонтани, а тука е и вештачкото езеро.
4. Бред и купил златен часовник кој го платил 318.000 евра.
5. Анџелина му купила хеликоптер кој го платила милион евра, а му подарила и часови по летање.
6. Анџелина до олтарот ќе ја донесе нејзиниот брат Џејмс Хејвен.
7. Меѓу гостите ќе бидат Мет Дејмон, Џони Деп, Џорџ Клуни и Том Круз.
8. Џенифер Анистон не е поканета.
9. Менито ќе се состои од органски намирници. Покрај месо и риба ќе има и кромид од локалната градина.
10. Правата за објавување фотографии од венчавката се продадени за 40 милиони долари кои ќе бидат донирани на УНИЦЕФ.
11. Милијардерот Пол Ален на Бред и Анџелина им ја понудил неговата скапоцена јахта за меден месец.