Џони Деп и Ванеса Паради повторно заедно
- Детали
- петок, 03 август 2012
Американската филмска ѕвезда Џони Деп и француската пејачка Ванеса Паради повторно се заедно.
Магазинот "US weekly" пишува дека невенчаните сопружници се смириле за време на фамилијарниот собир во вилата во јужна Франција, вредна пет милиони долари.
Пред еден месец медиумите беа преплавени со вести дека долгогодишните партнери раскинале и не се веќе заедно.
Деп често се дружеше со младата колешка Амбер Хеард, а на Паради по 14 години и здосади и реши својот партнер да го замени со некој друг.
„Сфатија дека многу добро се согласуваат и дека би било штета долгогодишната љубов да ја фрлат во ветер. Ќе останат заедно поради децата. Често се гледаат како шетаат држејќи се за рака “ изјавил извор близок на парот.
03.08.2012 (Макфакс)