„Кралица на Фотошоп бламирање“ – Клои Кардашијан повторно си го смени личниот опис - фановите ја фатија на дело
- Детали
- недела, 27 април 2025
Мислеше дека ќе помине незабележано, но фановите ја фатија на дело – на видео снимка додека позира изгледа сосема поразлично од фотката која ја направи на крај. Клои има долга историја на бламирање со Фотошоп грешки – од издолжени раце, до истенчени и искривени нозе, па и целосно променет личен опис.
Клои Кардашијан години наназад прави Фотошоп грешки и фановите ја критикуваат за тоа.
Иако навистина драстично ослабе, го промени изгледот и имиџот, сепак таа уште не се откажува од уредување на фотографиите.
Овој пат, верните фанови на нивното ријалити шоу, ја фатија на дело.
Вo една од емисиите, таа го прикажува процесот на снимање за фотосесија, додека позира, а потоа го покажува и крајниот резултат, на фотографија која е сосема поразлична.
Корисник на Редит, кој очигледно ја следел епизодата, објави фотографија од нејзиниот изглед за време на снимањето, како и онаа што планираат да ја објават, а разликата е очигледна – сосема е променета и непрепознатлива.
„Додека го гледав шоуто, ја покажаа Клои како позира за фотосесија за нејзиниот парфем и мислев дека изгледа совршено. Но, потоа ја покажаа едитираната фотографија која ја одбрале и се вчудоневидив. Како некој го одобрил ова? воопшто не ни личи на неа. Клои е прекрасна, но воопшто не изгледа вака. Ми се крши срцето за неа“ – стои во коментарот.
И останатите се сложуваат со овој коментар, па дури и велат дека треба да се пронајде себеси конечно.
Во продолжение уште неколку фотки од Фотошоп грешки кои ѝ се имаат случено во минатото:
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





