Најконтроверзниот холивудски брак: 51-годишен актер се венча со 16-годишна девојка, денес го нарекува педофил
Додека беа во брак, Кортни и Даг се разделуваа и се смируваа неколкупати, наводно поради притисокот од јавноста.
Конечно решија да стават крај на бракот во 2017-та, откако Кортни останала бремена, но доживеала спонтан абортус.
Разводот на парот беше финализиран дури во 2020 година.
Денес Даг не жали за бракот, но Кортни сака одмазда
Даг има изјавено дека и покрај тоа што бракот му ја уништил кариерата, тој не жали што се венчал со малолетна тинејџерка.
Кортни, од друга страна, има поразличен став.
Веднаш по финализирањето на разводот, Кортни даде интервју во кое изјави дека имала посттрауматско стресно нарушување од контроверзниот брак со Даг.
Таа го нарекува Даг „предатор“ и го обвинува за „груминг“, а вели дека додека биле во брак била во толку лоша психичка состојба, што размислувала и за убиство.
„Ми беше страв да зборувам за грумингот и тоа што бев вербално малтретирана за време на нашиот 10-годишен брак. Бев дете, а тој имаше 50 години кога се венчавме.
Но, сега сум жена и време е да зборувам за овој проблем. Се чувствував заробено, манипулирано и напуштено од другите возрасни. Бев осамена, на мрачно место“.
Во поново интервју, Кортни го нарече актерот педофил.
„Се чувствував како да немав контрола над моето тело, моите финансии. Не можев да потпишам ниту еден документ во тој брак, бев под контрола.
Мислам дека се создава траума кога сте на таа возраст, зарем не? Мојот сопруг педофил е тој кој ми бараше ангажмани (како модел) кога му требаа пари.
Погрешно е што луѓето мислат дека се венчав со него за пари. Јас бев дете кое беше експлоатирано“.
Минатата година Кортни повторно се венча
И покрај траумата од бракот со Даг, Кортни вели дека сепак успеала да пронајде љубов.
Во декември минатата година, таа стапи во брак со сопругот со кого се запознале во 2023-та. По неполна година откако ја почнаа врската, тие се свршија.
Денес Кортни продолжува со битката да ја зголеми свесноста и да го намали бројот на бракови со малолетни девојки.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





