Славни личности кои биле (или планираат да одат) во вселената + колку платиле за билетот?
- Детали
- сабота, 19 април 2025
Покрај Кети Пери, и актерот Вилијам Шатнер има отидено во вселената, додека некои ѕвезди, како Џастин Бибер, си имаат купено билети уште пред неколку години и само чекаат да се реализира патувањето.
Пред една деценија, одењето во вселената беше наменето само за експерти кои целиот живот се подготвуваат за ваков подвиг.
Но, со појавата на приватните вселенски агенции, како на Илон Маск, се отвори можност и за вселенски туризам, секако, само за оние кои можат да си ги дозволат скапите билети.
Иако вселенскиот туризам е на мета на критики поради штетното влијание од издувните гасови од ракетите, богаташите сепак веќе на големо купуваат билети за вселенски летови.
Некои од нив, пак, добиваат покани од сопствениците на вселенските компании за бесплатно да отидат во вселената.
Приватните вселенски компании нудат летови до вселената повеќе од 10 години. Па, некои богаташи си имаат купено билети и сега само чекаат патувањето да се реализира.
Дел од славните личности кои биле или планираат да одат о вселената:
Кети Пери и Лорен Санчез
Во април годинава, Кети Пери и Лорен Санчез беа на 10-минутно патување до работ на вселената со екипаж што го сочинува само жени.
Мисијата беше изведена од страна на Blue Origin, вселенската компанија на Џеф Безос кој воедно е и свршеник на Лорен.
Иако самите ја нарекуваа мисијата „историска“, Кети Пери и Лорен се соочија со низа критики, но и беа исмејувани за приватното патување до вселената.
Вилијам Шатнер
Вo 2021 година, Вилијам Шатнер, кој се прослави со улогата во Star Trek, отиде на слично вселенско патување како Кети Пери и Лорен.
Вилијам не плати за летот, туку беше почесен гостин на ракетата на Џеф Безос, односно неговата компанија Blue Origin.
Мајкл Страхан
Истата година, и американскиот водител и поранешен рагбист беше во вселената.
Како Шатнер, и водителот беше поканет од страна на милијардерот и не плати за својот лет.
Ричард Бренсон
Во модерната вселенска трка, и милијардерот Ричард Бренсон основа своја вселенска компанија, па самиот си организира патување до вселената.
Неговото патување во 2021 година беше со цел само да се промовира вселенскиот туризам што го нуди и неговата компанија.
Џеф Безос
Неполн месец по Бренсон, и Џеф Безос се лансира до работ на вселената.
Како Бренсон, тој самиот си го организира летото со неговата вселенска компанија.
На следната страница, дел од славните личности кои си купиле билети за вселенско патување…
Би можело да ве интересира:





