Имала булимија, горда е на уникатната насмевка: Која е симпатичната британска актерка од The White Lotus?
Имала нарушување во исхраната
Ејми имала ниска самодоверба поради нејзиното тело, па во детството развила нарушување во исхраната, односно булимија.
За среќа, вработените во училиштето по глума што го посетувала реагирале навреме.
„Си го мразев телото, сакав да излезам од него – фала Богу ова се промени“.
Ејми вели дека имала сколиоза, па кога ги гледала другите ученици во училиштето, со исправен грб, се чувствувам многу лошо за себе. Овој период почнале проблемите со булимијата.
„Како да немав допир со моето тело кога имав нарушување во исхраната, како да бев надвор од него“.
Со помош на учителите и другите вработени, како и терапевт, Ејми се справила со траумите и ја надминала болеста.
Татко ѝ бил алкохоличар и зависник од дрога
Детството не било лесно за Ејми дури и кога била дома.
Татко ѝ бил зависник од дрога и алкохол и се случувало да си замине од дома, без воопшто да каже каде ќе оди.
„Ќе излезеше на пијачка и не се враќаше со денови. Еднаш не се врати 10 недели бидејќи отишол во Јужна Кореја. Сакаше да се забавува и имаше огромно его.
Поради него, мајка ми секогаш носеше огромен товар. Пробуваше да нè заштити и преземаше одговорност за пропустите на татко ми“.
Тинејџерските години ги поминала со мајка ѝ
На крај, родителите на Ејми сепак се развеле и таа отишла да живее со мајка ѝ и нејзиниот нов партнер.
Новиот дечко на мајка ѝ бил финансиски помоќен, па ѝ овозможил да оди во приватно училиште.
Тој период Ејми почнала да оди и на училиште за глума, а вели дека ова ѝ помогнало да научи да се изразува подобро.
Татко ѝ, пак, се ослободил од пороците и сега колку-толку го подобриле односот.
„Не е лесно да се справуваш со зависници – сите им честитаат кога ќе се отрезнат, но никој не прашува за луѓето зад нив“, вели актерката.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





