Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како омилените близначки од 90-тите го избегнаа проклетството на младите ѕвезди на Холивуд?

Мери-Кејт и Ешли Олсен беа најбараните деца-ѕвезди во Холивуд во 1990-тите години. Но, популарните сестри решија да се повлечат од актерството и денес се занимаваат со друг профитабилен бизнис.

kako-omilenite-bliznachki-od-90-tite-go-izbegnaa-prokletstvoto-na-mladite-dzvezdi-na-holivud-01.jpg

Најпознатите близначки во Холивуд, Мери-Кејт и Ешли Олсен (38), се прославија со ситкотот Full House уште кога беа 6-месечни бебиња.

Својот последен заеднички филм го снимија во 2004 година, кога имаа 17 години.

Оттогаш, актерството не им паѓа на памет - ги одбија сите понуди за да се вратат на филмското платно или да се појават во некоја серија.

Нивната помлада сестра Елизабет и денес гради холивудска кариера, но Мери-Кејт и Ешли веќе не сакаат да се навраќаат на периодот кога беа големи детски ѕвезди.

„Ние веќе не влегуваме во тој свет. На овој начин сме прилично заштитени“, изјави Ешли во едно интервју.

Со тоа што како тинејџерки решија да се тргнат од Холивуд, успеаја да го „скршат“ проклетството на младите ѕвезди, кои се вивнуваат со еден-два филма, а потоа опиени од славата, паѓаат во канџите на алкохолот и наркотиците.

Тие не сакаа да го трпат притисокот на индустријата, а имаа и поинакви животни интереси, што, на крајот резултираше со нивно повлекување од пред камерите.

Стресниот живот на близначките во тоа време значеше снимање филмови, истовремено одење на училиште, а паралелно на тоа ја водеа и својата продуцентска куќа Dualstar.

Сето ова остави белег на девојките, особено на Мери-Кејт, која значително ослабе.

Иако никогаш отворено не признала дека има нарушување во исхраната, една недела пред да наполни 18 години, таа се пријави во центар за рехабилитација поради здравствени проблеми.

По ова, наместо да го следат непишаниот холивудски шаблон, тие решија да ја насочат својата енергија кон модата.

Сестрите го основаа својот луксузен моден бренд The Row во 2006 година и за својата работа во неколку наврати освоија награди во модната индустријата.

Брендот вклучува дизајнерска облека, чевли, додатоци и чанти.

А целата приказна започна со идејата на Ешли да ја најде совршената маичка за себе.

Нивната првата колекција беше распродадена за многу кратко време, а тоа направи The Row само да продолжи да се развива.

И покрај кризата предизвикана од пандемијата изминативе години, кога мораа да отпуштат голем дел од своите вработени, нивниот бренд сепак заработуваше 100 милиони долари годишно.

Минатата година сопствениците на модната куќа Chanel купија удел во The Row, со што вредноста на компанијата на близначките достигна над милијарда долари.

Според договорот сестрите Олсен остануваат мнозински сопственици и имаат право на одлучување во компанијата.

Многумина сметаат дека, токму работата во модниот бренд, ѝ помогна на Мери Кејт полесно да се справи со бурниот развод од Оливие Саркози, братот на поранешниот француски претседател, Никола Саркози.

Погледнете повеќе фотографии од Мери-Кејт и Ешли Олсен на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg