Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во животот на Елизабет Тејлор
Алкохол, скандали и диви забави
Актерката била позната и како жена која обожава забави. Оттаму потекнал и нејзиниот проблем со алкохолот.
Во една прилика, Бартон изјавил: „Елизабет може да пие повеќе од кој било маж што го познавам“.
Таа, наводно, пиела шише виски секој ден, па морала да се лекува во клиниката Betty Ford, што во тоа време било скандалозно за ѕвезда со нејзиниот статус.
Му беше најдобра пријателка на Мајкл Џексон
Една од најнеобичните работи во нејзиниот живот беше нераскинливо пријателство со Мајкл Џексон.
Елизабет беше една од ретките што го поддржуваше во времето кога тој беше обвинет за педофилија.
Во знак на благодарност, Мајкл ѝ подарил еден свој Rolls Royce.
Преживеа 30 операции и имаше здравствени проблеми
Тејлор беше позната како „неуништливата жена“ - таа преживеа два сериозни напади на пневмонија, операција на срцето, операција на 'рбетот и имаше седум скршени коски.
Се најде на црната листа на Ватикан
Поради аферата со Ричард Бартон, Ватикан ја нарече „неморална“ и го осуди нејзиното однесување.
Црквата јавно ја критикуваше, ја стави на својата црна листа, но не ѝ беше грижа - продолжи да живее по свое.
Го имаше најскапиот развод во Холивуд
Кога се разведе од Џон Ворнер во 1982 година, таа му плати над 5 милиони долари, што беше рекордна бројка во тоа време.
Започна револуција во борбата против СИДА-та
Откако нејзиниот пријател Рок Хадсон почина од СИДА, таа стана една од првите познати личности кои отворено проговорија за оваа болест.
Ја основаше Elizabeth Taylor AIDS Foundation, која и денес им помага на луѓето кои живеат со ХИВ.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





