Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Биле како мумифицирани: Мистериозната смрт на актерот Џин Хакман и сопругата, кои живееја изолирани од светот

Со години Џин Хакман (95) и сопругата Бетси Аракава (63) се криеја од јавност во нивната раскошна куќа и немаа контакт ни со децата на актерот. Неделава тие беа пронајдени мртви во нивниот дом, заедно со едно од нивните кучиња, а според надлежните, изгледале како да се мумифицирани.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-01.jpg

Вчера (27.02) американските медиуми соопштија за смртта на актерот Џин Хакман.

Иако актерот имаше 95 години, целата трагедија е обвиена со мистерија бидејќи во куќата биле пронајдени и неговата сопруга и нивното куче, исто така мртви.

Актерот и сопругата Бетси Аракава (63) биле пронајдени мртви во средата (26.02) во нивниот дом во Ново Мексико.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-02.JPG

Првично надлежните изјавија дека не се сомневаат во насилна смрт, но поради чудните околности, истрагата сè уште трае.

Од нивниот дом не недостасувало ништо и немало знаци на физичка пресметка.

Исто така, немало протекување на гас, што значи и труењето со гас е отфрлено како можна причина за смртта.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-12.JPG

Надлежните соопштија дека телото на Бетси било пронајдено во една од бањите во куќата, каде имало и отворена амбалажа со апчиња.

Во бањата било пронајдено и телото на кучето.

Телото на актерот бил откриено во друга соба.

На нивниот имот имало уште две живи кучиња кои биле во сопственост на актерот и сопругата.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-14.JPG

Влезната врата од куќата била отворена, но немало знаци за насилно влегување – нешто што дополнително ја заплеткува мистеријата.

Телата ги пронашла личност која се идентификувала како негувател на актерот.

Надлежните соопштија дека парот бил мртов неколку денови пред да биде пронајден.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-06.JPG

Потоа, детектив кој работи на случајот сподели дека Бетси можеби била мртва долго пред актерот бидејќи нејзиното лице било отечено.

Дланките и стапалата на Бетси и Џин делувале како да се мумифицирани, односно веќе биле исушени – процес што може да настане и природно во соодветни услови, како ниска температура.

Последен пат, актерот и сопругата биле видени живи пред околу две недели.

bile-kako-mumificirani-misterioznata-smrt-na-akterot-dzhin-hakman-i-soprugata-koi-zhiveeja-izolirani-od-svetot-04.JPG

Џин (95) и Бетси (63) се во брак повеќе од три децении, а изминативе години целосно се изолираа од светот.

Последен пат беа забележани пред една година, односно во март 2024-та.

Претходно, пак, се немаа појавено во јавност преку 20 години.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg