Ким Катрал (68) сексапилна на настан во кожен аутфит со 53-годишниот партнер (фото)
- Детали
- петок, 29 ноември 2024
Во една пригода Ким Катрал изјави дека одлучила да нема деца, поради пренапорниот распоред за снимање во популарната серија „Сексот и градот“. Денес, ужива во љубовта со речиси 16 години помладиот партнер.
Ким Катрал (68), најпозната по ликот на Саманта во серијата „Sex and the City“, се појави на настан во САД со партнерот Расел Томас.
Ѕвездата од „Сексот и градот“ во црно кожено мини фустанче зрачи со сексапил на фотографиите и на 68 години.
Парот се запозна во 2016 година додека Ким работеше во BBC и оттогаш уживаат во љубовната врска.
Ким има три пропаднати бракови зад себе - првиот заврши во далечната 1979 година, вториот во 1989 година, а третиот брак пак ѝ беше од 1998 година до 2004.
Некогаш
Сега
Во една пригода, на своја 41 година, таа изјави дека одлучила да нема деца, поради пренапорниот распоред за снимање во популарната серија, што не ѝ дозволувал да има секс со тогашниот партнер во времето или часот што бил потребен за да дојде до оплодување.