Ако носат телефон, следува отказ - Бизарните правила на Ким Кардашијан за дадилките
- Детали
- недела, 27 октомври 2024
Штом почнат да работат за неа добиваат два прирачници: еден за облекување и еден за однесување и начин на комуникација со нејзините деца. Како ги третира Ким Кардашијан дадилките што се грижат за нејзините деца и кои бизарни правила им ги наметнува?
Ким Кардашијан има 4 деца и е мошне зафатена бизнис-жена и ријалити ѕвезда, па јасно е дека мора да има помош од цела армија дадилки.
Таа ретко објавува заеднички фотографии со сите деца, но додека се труди да ја изгради својата кариера и да заработи милијарди, Ким е мајка и на Норт (11), Сент (8), Чикаго (6) и Псалм (5).
Познато е дека кога се роди нејзината прва ќерка Норт Вест, Ким најми дадилка која се грижеше за бебето во текот на ноќта, за таа да може мирно да се наспие.
„Сонот е мошне важен за Ким.
Таа мора да спие од 8 до 10 часа за да може да функционира.
Ноќната дадилка на Ким и Канје навечер спие заедно со Норт и таа се грижи за менувањето пелени, за да ѝ обезбеди млеко и да ја смири“ – тврдеа извори блиски до Ким.
Сега, по разводот со Канје, Ким има уште поголема одговорност за своите деца, а според пишувањата во странските медиуми, некои нејзини барања од дадилките се разумни, а други пак, се граничат со разумот и се по малку бизарни.
Во продолжение неколку правила што Ким им ги наметнува на дадилките:
Кога се разведе од Канје, Ким го покажа својот дом кој е безбоен.
Целосно куќата е уредена во сиви, бели и беж тонови, а наводно барала од вработените и дадилките да носат облека во неутрални тонови за да не ѝ ја нарушат естетиката во домот.
Ким самата потврди дека нејзините вработени добиваат прирачник во кој се наведени боите на аутфитите што тие смеат да ги носат, во сива, црна или некоја друга неутрална боја.
Таа вели дека имаат право да се облекуваат како сакаат на денот кога им е роденден, и тогаш мора да се справува со бојата на нивната облека.
Откако беше ограбена во Париз во 2016-та година, Ким им наредила на дадилките дека не смеат да носат каков било накит додека се грижат за нејзините деца.
Оваа одлука ја донела од страв дека некој би можел да се обиде да ги ограби дадилките додека се со некое од нејзините деца.