Коцкање, тепачки, афери – Мрачната страна на Мајкл Џордан

Со првата сопруга се разведе бидејќи наводно ја изневерувал, а во една пригода му удри бокс на колега од истиот тим.

kockanje-tepachki-aferi-mrachnata-strana-na-majkl-dzhordan01.jpg

Мајкл Џордан важи за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, а го знаат дури и оние кои немаат изгледано ниту еден кошаркарски натпревар во животот.

Во 1980-тите и 1990-тите беше најголемата ѕвезда, а благодарение на кошаркарската кариера, но и бројните реклами и соработки со брендови, стекна богатство од над 3 милијарди долари.

Но, како секој, ни Мајкл Џордан не е совршен.

Дел од скандалите што ја одбележаа кариерата на кошаркарот:

Му удри бокс на колегата Стив Кер

Мајкл Џордан и кошаркарот Стив Кер заедно играа за Chicago Bulls, а во 1995 и 1996 година, нивниот однос се заладил.

Имено, Џордан постојано му пререкувал за време на тренинзите, а во една пригода, Кер му возвратил на навредите.

Џордан се разгневил и му удрил бокс на колегата кој добил и модринка на окото.

kockanje-tepachki-aferi-mrachnata-strana-na-majkl-dzhordan-02.JPG

Неколку години подоцна, Кер изјави дека тој ден Џордан „се закачувал“ со сите.

„Џордан зборуваше сешто, а јас бев гневен бидејќи таа сезона губевме.

Пробав да го смирам, но ова го разгневи… Беше хаос. Се расправавме и на крај добив бокс. Не ни помнам кога ме удри“.

Според Кер, на крај Џордан сепак му се извинил, а денес се во добри односи.

kockanje-tepachki-aferi-mrachnata-strana-na-majkl-dzhordan-03.JPG

Имаше проблем со коцкање

Иако кошаркарот тврдеше дека нема проблем со коцкање, во 1990-тите беше јасно дека тоа не е точно.

Џордан првпат привлече внимание со коцкањето во 1993 година, кога кошаркарот имал натпревар во Њујорк.

Вечерта пред натпреварот, отишол во Атланта за да се коцка и се вратил во 2-3 часот по полноќ каде што наводно изгубил многу пари.

И, следниот ден неговиот тим изгуби поради неговиот лош перформанс на теренот.

kockanje-tepachki-aferi-mrachnata-strana-na-majkl-dzhordan-04.JPG

Претходно, во 1991 година, кошаркарот не отиде на официјална средба во Белата куќа за да оди да се коцка.

А, според некои извори, во 1990-тите, Џордан имал долг од еден милион долари поради коцкање , а во казино во Лас Вегас успеал да изгуби пет милиони во само една ноќ.

Според други извори, имал изгубено и десет милиони во една ноќ.

kockanje-tepachki-aferi-mrachnata-strana-na-majkl-dzhordan-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Баба им недозволено им ги трошела милионите од татко им – Трите деца на Мајкл Џексон заедно на црвен...  Биги, најмалиот син на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, се појави во Л...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg