Се познавале 14 години пред да почнат врска – Љубовната приказна на Даниел Крејг и Рејчел Вајс, најтаинствениот холивудски пар
Рејчел роди дете на 48-годишна возраст
И Даниел и Рејчел имаа деца од претходни врски, а во 2018 година добија и заедничка ќерка.
На денот на породувањето, Рејчел имаше 48 години и се соочи со критики од јавноста. Но, вели дека не ги ни забележала.
„Мислам дека бевме премногу уморни со новиот член во семејството, па не ни забележавме што се случува.
Како да живеете во меур кога имате новороденче, зарем не?“
Не планираат да почнат да откриваат детали за врската
За Даниел и Рејчел, чувањето на приватноста е клучно за успехот на нивниот брак.
Рејчел самата има изјавено дека со тоа што молчи за нивната врска, го штити и бракот, и сопругот.
„Тој е многу познат, па ќе биде како предавство ако зборувам за нас.
Во младоста, им кажуваме сè на пријателките. Но, како возрасни не мораме да ги споделуваме сите детали“.
Но, не ја кријат љубовта
Кога и да се појават заедно на црвениот тепих, Рејчел и Даниел се во центарот на вниманието.
Последно, тие беа на Филмскиот фестивал во Венеција, за премиерата на новиот филм на Даниел.
И, иако можеби кријат детали од животот, не кријат колку се вљубени кога се пред камерите.
Спирова С. | Црнобело