Блејк Лајвли се крие од јавноста и скромно прослави роденден додека ја критикуваат: „Ми личи на злобна жена, нема талент“
- Детали
- понеделник, 26 август 2024
Блејк Лајвли како да бега од јавноста и го прослави 37-иот роденден во куќата на Тејлор Свифт. Годинава, и сопругот Рајан Рејнолдс ја прескокна објавата за нејзиниот роденден, додека јавноста ја критикува за промоцијата на новиот филм, а многумина сметаат дека нема никаков талент и се прославила поради нејзините родители.
Во неделата (25.08), Блејк Лајвли го прослави 37-иот роденден, но се воздржа од споделување фотки и видеа среде скандалот со нејзиниот нов филм.
Актерката го прослави роденденот на Роуд Ајленд, во куќата на Тејлор Свифт, а според папарацо фотките, меѓу присутните биле нејзиниот сопруг – Рајан Рејнолдс, нивните четири деца, како и Тејлор Свифт со дечко ѝ.
Годинава, и Рајан Рејнолдс не објави ништо за роденденот на Блејк, иако неговите роденденски честитки, кои обично вклучуваа смешни фотки од актерката, станаа вид традиција за парот.
Па, најверојатно парот пробува да се држи настрана од јавност поради бројните критики упатени кон Блејк за промоцијата на нејзиниот нов филм – It Ends With Us.
На папарацо фотките од Роуд Ајленд се гледа мигот кога Рајан пристигнува во домот на Тејлор и ја бакнува Блејк.
На други фотки се гледа Блејк во лежерно издание, со наметка, во друштво на две од нејзините ќерки.
На неколку фотографии се гледаат и Тејлор Свифт и дечко ѝ, а на една се забележува и Бредли Купер.
Сепак, не е познато точно кој бил поканет на роденденот.
За потсетување, филмот на Блејк обработува сериозни теми, како семејно насилство, но актерката во неколку наврати саркастично одговараше на прашања поврзани со темата.
Притоа, многумина истакнаа дека наместо да го насочи фокусот кон семејното насилство што го трпат многу жени, Блејк го промовирала филмот како да е Barbie.
Онлајн, пак, почнаа да се појавуваат видеа на кои се гледа дека Блејк се однесува како „разгалена дива“ во интервјуа и од пред неколку години.
А, извори блиски до актерката велат дека таа веќе сериозно стравува за својата кариера.
„Блејк е тажна за омразата насочена кон неа, но не дозволува да ѝ влијае премногу.
Мислеше дека ова е нејзината можност да заблеска, но веројатно се соочува со крајот на нејзината кариера.
Страв ѝ е дека никој нема да сака соработува со неа по сето ова“, вели еден од изворите.
А, додека многумина ја критикуваат за нејзината „бесчувствителност“, дел од јавноста почна да истакнува дека Блејк не е позната бидејќи е талентирана, туку дека за нејзината кариера се заслужни само нејзините родители.
На социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа и објави за родителите и семејството на актерката, а во коментари, корисниците велат дека делува како злобна жена без талент, но со „добри врски во Холивуд“.