Имала слепило на едното око, со родителите побегнале од Украина – Тажни детали од животот на Мила Кунис
- Детали
- сабота, 10 август 2024
Родителите на Мила Кунис одлучиле да ја напуштат Украина бидејќи биле Евреи. А, во првата година откако се преселиле во САД, актерката плачела секој ден, но и била исмејувана за нејзините големи очи.
Мила Кунис стекна светска слава уште пред 18-тиот роденден и денес важи за една од најпознатите холивудски актери.
Во среќен брак е со колегата Ештон Кучер кого го запозна на снимањето на That 70’s Show.
Сепак, почетоците на Мила се далеку од лесни и низ животот се соочила со бројни премрежја.
Неколку тажни детали од животот на убавата актерка:
Со родителите морале да избегаат од родната Украина
Мила Кунис потекнува од семејство Евреи, а се преселиле од Украина во САД кога таа имала седум години.
Освен тоа што сакале да ѝ овозможат подобар живот, актерката вели дека имале и друга причина за „бегањето“ од родната земја – нивната вера.
Кога се иселиле од Украина, земјата уште била дел од Советскиот Сојуз.
„По холокаустот, во Русија беше забрането да се биде религиозен. Но, родителите ме воспитаа како Еврејка, ме научија да знам која сум“, има изјавено актерката.
Истовремено, бројни членови од семејството на Мила биле жртви на холокаустот.
Денес актерката вели дека ги воспитува своите деца како Евреи.
По преселбата во САД, плачела секој ден
Кога стигнале во Лос Анџелес, Мила не знаела ни збор англиски, но морала да оди во училиште.
И, на актерката ѝ било особено тешко.
„Некако успеав да ги блокирам сеќавањата од тој период бидејќи плачев секој ден.
Не ја разбирав американската култура. Не ги разбирав луѓето. Не го разбирав јазикот…“
Околу една година подоцна, кога нејзините родители нашле стабилни работни места, ја запишале на часови по глума со цел побрзо и подобро да го научи англискиот.
И, ова се всушност почетоците на нејзината кариера – талентот за глума на Мила бил забележан и почнала да се појавува во реклами, што, пак, ѝ помогнало да допре до аудиција за That 70’s Show.
Била жртва на булинг
Мила важи за една од најубавите актерки, но во училишните денови, соучениците ја исмејувале поради изгледот.
„Кога бев мала, изгледав малку чудно. Имав големи очи, големи усни, големи уши. И, тогаш постојано ме исмејуваа, особено за големите очи.
Од училиште си одев со плачење и секогаш ја прашував мајка ми зошто баш јас морам да имам големи очи“.