10 славни личности кои се вегани или вегетаријанци
- Детали
- сабота, 10 август 2024
Памела Андерсон е голема активистка за правата на животните и со години е дел од PETA, најголемата организација за заштита правата на животните во светот.
Постојат многу причини зошто луѓето избираат да бидат вегетаријанци.
Без разлика дали е тоа од здравствени причини или премногу ги сакаат животните за тие да бидат дел од нивната секојдневна исхрана, вегетаријанскиот начин на живот го имаат избрано и многу славни личности.
Овие славни личности се вегетаријанци (или вегани):
Бред Пит
Поради еколошки причини, Бред Пит се одлучил за растителна исхрана, од која не отстапува во животот.
Елиот Пејџ
Долго време актерот Елиот Пејџ е веган, а во 2014 година бил прогласен за „Најсекси веган на светот“ од страна на организацијата РЕТА.
Шанаја Твејн
За оние кои се прашуваат зошто кантри пејачката делува како да не старее, таа тврди дека тоа е поради тоа што не консумира месо, а избегнува и брза храна.
Рики Мартин
Во 2013 година Рики Мартин одлучил да го отфрли месото од неговата исхрана, па се чини дека растителната храна навистина му годи.
Памела Андерсон
Памела Андерсон е голема активистка за правата на животните и со години е дел од РЕТА, најголемата организација за заштита на правата на животните во светот.