Гласини за афери, разводи: Зошто се распадна групата ABBA и каде се членовите денес?

Агнета Фелтског

Агнета е главниот вокал на групата, а покажувала интерес за музика уште во детството.

Таа ја напишала својата прва песна на само 6-годишна возраст.

Пред формирањето на ABBA, таа била дел од групата Bernt Enghardts со која ја издала својата прва песна, во 1967 година.

По распаѓањето на ABBA, Агнета издаде три соло албуми.

Во 1990 година се венча со вториот сопруг, Томас, но нивниот брак заврши по само три години.

Во 2004 година, Агнета потпиша договор за соло албум, но денес генерално се држи настрана од јавноста.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-02.jpg

Бјорн Улвеус

И Бјорн покажувал интерес за музика уште од најрана возраст, а пред формирањето на ABBA бил дел од шведски фолк бенд.

Овде го запознал Бени Андерсон со кого подоцна ќе ја формираат ABBA.

По распаѓањето на групата, тој ја продолжил соработката со Бени Андерсон и заедно напишале и мјузикл кој бил изведен на Бродвеј.

Бјорн бил дел и од екипата која работел на популарниот мјузикл Mamma Mia со Мерил Стирп и Аманда Сејфрид во главните улоги.

Во 2022 година, се појавија гласини дека планира да се разведе од втората сопруга со која е во брак над 40 години.

Сепак, се чини дека уште се заедно.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-03.jpg

Бени Андерсон

Бени почнал да се интересира за музика откако татко му и дедо му го научиле да свири хармоника.

Тој бил дел од неколку групи пред формирањето на ABBA за која беше композитори и текстописец.

По распадот на групата, тој продолжил да се занимава со музика, а во 1987 година издал и свој соло албум.

Бени до денес е активен на музичката сцена и има свој оркестар со којшто настапува.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-04.jpg

Ани-Фрид Лингстад

За разлика од другите членови на бендот, Ани-Фрид, позната и како Фрида, не потекнува од Шведска, туку од Норвешка.

Но, се преселила во Шведска кога имала околу две години.

Во тинејџерските години била дел од неколку бендови, а на само 18 години првпат стапила во брак.

Со првиот сопруг добиле две деца, пред да се разведат и таа да се венча со Бени Андерсон, колегата од ABBA.

По, распаѓањето на групата, таа издала соло албум, а во 1992-ра се венчала со третиот сопруг.

Но, тој почина во 1999-та, а само една година претходно, Фрида ја загуби и ќерка ѝ во сообраќајка.

Денес Фрида не се занимава со музика и е посветена на добротворна работа.

glasini-za-aferi-razvodi-zoshto-se-raspadna-grupata-abba-i-kade-se-chlenovite-denes-05.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg