Не излегува без обезбедување, по Евросонг ќе оди во војска: Животната приказна на Израелката Иден Голан
- Детали
- петок, 10 мај 2024
Израелската претставничка Иден Голан е „најомразената личност“ на Евросонг 2024. Во изминатите две недели во Малме таа добиваше закани по живот, кажано ѝ е дека не смее да го напушта хотелот, на пробите одеше со обезбедување и ја чуваат по 24 часа на ден.
Иден Голан (20) на Евросонг во Малме го претставува Израел со песната Hurricane. Но, нејзиното појавување во Шведска уште од првиот ден им предизвика проблеми на организаторите.
Иден се соочи со закани по живот, не смее да оди никаде без обезбедување, скоро цело време е во својата хотелска соба.
На пробите ја исвиркуваа, исто како и на почетокот на настапот на полуфиналетоо, а повеќето учесници не сакаат да се дружат со неа.
Но, фактот дека го претставува Израел во овој момент, не е единствениот контроверзен дел од биографијата на младата пејачка.
Таа своевремено пееше и во Крим, а на ова не се гледа со одобрување во светот на уметниците.
Иако за повеќето учесници Евровизија е прекрасно искуство, можност за дружење и забава, Иден нема да го памети како такво.
Контроверзиите почнаа уште пред нејзиниот избор, во моментот кога на Израел му беше дозволено да учествува на натпреварувањето додека траат нападите на појасот Газа, но од друга страна, Русија и Белорусија се исклучени поради војната со Украина.
Но, Иден и понатаму се однесува како сè околу неа да е во ред и не дозволува коментарите да ѝ ја симнат насмевката од лицето.
„Дојдов да го покажам својот глас, да ја покажам мојата љубов и дарот од Бога. Се надевам дека ќе предизвикам емоции кај луѓето и ќе оставам траг на нивната душа, ќе ги обединам преку музиката“, рекла таа пред настапот на полуфиналето.