Ја исмејуваа бидејќи не знаеше да танцува, работела како келнерка – Тешкиот пат до славата на Дуа Липа
Но, иако почнала да се движи кон својата цел, пејачката се соочила со ужасни критики.
На социјалните мрежи почнале да ја исмејуваат бидејќи не знаела да танцува на сцена, а едно видео од нејзин настап стана и вирално.
Злобните коментари продолжија дури и откако Дуа се докажа како квалитетна пејачка.
„Луѓето го претворија видеото на коешто танцувам во меме. А, дури и откако освоив Греми награда за најдобар нов артист, велеа: ’Не ја заслужува наградата, не знае да настапува на сцена, нема да биде славна уште долго‘.
Сето ова многу ме повредуваше. Беше и засрамувачко. Морав да престанам да го користам Твитер.
Она што ме правеше најсреќна – пишувањето песни и настапувањето – ме правеше и најтажна бидејќи луѓето се фокусираа на секоја лоша ситница…
Пред очите на сите, пробував да се откријам како артист. Сето ова се случуваше додека имав 22-23 години и уште растев.
Сфатив дека мора да бидам отпорна“, има изјавено Дуа за своите тешки почетоци.
Но, злобните коментари само дополнително ја поттикнале да се подобри.
Пред да се врати на сцена, Дуа почнала интензивни тренинзи со професионални танчари, а денес резултатот е повеќе од очигледен.
До 2019-та, таа веќе имаше освоено неколку награди и сега има повеќе Греми награди од музички икони како Бритни Спирс и Кајли Миног.
Покрај успешната музичка кариера, Дуа има соработувано и со некои од најпознатите светски брендови како Porsche и Versace.
Во 2023-та, пак, пејачката имаше и мала улога во популарниот филм Barbie како и во серијата Argylle.
Сепак, вели дека не планира да се фокусира на актерството.
„Во моментот, приоритет ми е музиката. Сакам да глумам и беше забавно, но музиката е на прво место“.
Спирова С. | Црнобело