Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат
Џулија Стајлс
10 Things I Hate About You е можеби најпопуларниот филм на Џулија Стајлс, но таа може да се пофали со улоги во некои од најпопуларните (тинејџерски) филмови од 2000-тите.
Се има појавено и во неколку серии, но и театарски претстави.
Актерката и денес е активна, но нејзината популарност не се ни споредува со порано.
Во брак е од 2017-та, а има и три деца.
Џеси Мекартни
Пејачот и актер почна да се прославува во доцните 1990-ти, а во 2000-тите веќе беше огромна ѕвезда.
Глумеше во неколку популарни серии, а го позајмуваше и гласот во анимирани филмови и видеоигри.
Џеси се истакна и на музичката сцена и тој е всушност коавтор на популарната Bleeding Love на Леона Луис.
36-годишниот Џеси уште е активен и пред некоја година издаде албум.
Дајдо
Веројатно не ги знаете сите песни на Дајдо, но сигурно ќе ги препознаете White Flag и Thank You доколку ги слушнете.
Со специфичниот глас, Дајдо успеа да стане светска ѕвезда и освои неколку музички награди, а имаше соработка и со Еминем.
Извесен период таа се повлече од музичката сцена, но периодов уште е активна, иако не е популарна како порано.
Миша Бартон
Миша Бартон беше една од најпознатите млади актерки во 2000-тите.
Стана светски позната со улогата во серијата The O.C. која се емитуваше и кај нас.
Низ годините имаше мали проблеми со законот, како казна за возење под дејство на алкохол.
Миша е активна и денес, но добива улоги во помалку познати филмови и серии.
Спирова С. | Црнобело