Славни мажи кои знаат да се опуштат и не се срамат од стомачето
- Детали
- сабота, 06 април 2024
Џејсон Момоа стана препознатлив по мускулестото тело, но кога нема ангажмани, и тој сака да се опушти, а и не се срами да го покаже стомачето. Кои други мажи се „уловени“ со стомаче?
Иако можеби не колку жените, и мажите се соочуваат со нереални стандарди за убавина.
Актерите и моделите што ги гледаме насекаде имаат совршени тела за кои дефинитивно треба многу труд и време.
Но, холивудските актери не секогаш изгледаат така.
Поради професијата, некои од нив често ја менуваат тежината, а знаат да одат и до екстреми – или да се здебелат, или многу да ослабат, или напорно да работат на совршено мускулесто тело.
Но, кога немаат обврски, и најзгодните познати мажи сакаат да се опуштат, а на повеќето не им е грижа што пуштиле стомаче и што немаат дефинирани мускули.
Сепак, и тогаш изгледаат добро.