Џери од Spice Girls среде скандал: Објавени „секс“ пораки од нејзиниот сопруг до колешка
Вкупно 79 принтскринови со пораки биле испратени во мејл до сите поголеми редакции, а се тврди дека тоа се пораки што тој ги праќал до вработената, а дека тимот сакал да го прикрие скандалот со цел да не се разоткрие неговото вистинско лице.
Интересно е тоа што откако беа објавени дел од пораките, тие веднаш беа избришани, но на социјалните мрежи сѐ уште може да се најде по некоја фотка од нив.
Од објавените фотки може да се види дека наводно Кристијан комуницирал со некоја колешка секоја вечер пред спиење и ѝ велел дека е нетрпелив да ја види следниот ден.
Не се знае дали пораките биле дел од истрагата во Red Bull, но се верува дека тимот имал можност да ги види и затоа донел одлука дека Кристијан не е виновен.
Но, се смета дека на неговата сопруга Џери воопшто не ѝ се допаѓа скандалот во којшто се најде. Извори блиски до пејачката за Daily Mail изјавија:
„Цело време Кристијан тврди дека ништо од наведеното не е точно. Џери долго живееше во облаци и беше среќна со години, па мислеше дека тој е нејзиниот принц на бел коњ, но сега се случи ова.
Таа мислеше дека најлошото помина и беше пресреќна кога заврши истрагата против нејзиниот сопруг.
Таа беше во недоумица на почетокот кога ја почна врската со Кристијан, затоа што тој само што доби ќерка со друга жена и напорно работеше за да го поправи имиџот дека е жена која растура бракови. Ова сигурно ќе ја уништи“.
Инаку, се шпекулира дека Џери сепак ќе се потруди да покаже дека му верува на сопругот и дека ќе отпатува во Бахраин, каде што нејзиниот сопруг во наредните денови треба да присуствува како шеф на Формула 1 тимот.
Б. С. Б. | Црнобело