Ѝ платил на Клаудија Шифер да му глуми девојка, обвиненија за сексуално злоставување: Скандалите на Дејвид Коперфилд
Дејвид двапати беше обвинет и за сексуално злоставување.
Во 2007 година, Лејси Ел Керол го обвини дека ја злоставувал, но нејзината тужба беше отфрлена.
Втората тужба се појави во 2018 година, а обвинението е од жена која тврди дека била тинејџерка кога ја малтретирал во 1988 година.
Од 2006 година, Коперфилд е во врска со 28 години помладата манекенка Клои Госелин, со која ја има 14-годишната ќерка Скај.
Но, и покрај сите скандали, неговите настапи во Америка се сè уште популарни и секогаш се бара билет повеќе.
Магазинот Forbes го прогласи за најуспешен илузионист во светот со кариера подолга од 40 години.
Истовремено, тој е и добар претприемач, па успешно управува со 11 луксузни хотелски одморалишта на Бахамите.
Но, неговиот изглед и денес е впечатлив. Иако пред три децении изгледаше маркантно и беше заводник, денес се забележува дека правел третмани за подмладување и затегнување на кожата на лицето.
Со годините и косата му станува побујна, па се шпекулира дека тој всушност носи перика, но магионичарот никогаш не ги потврди, ни демантира гласините.
A. J. | Црнобело