Славни жени кои отворено зборуваа за траумата од нивните спонтани абортуси
Кристина Пери
Пејачката и текстописец Кристина Пери во ноември 2020 година сподели дека таа и нејзиниот сопруг, Пол Костабиле, ја изгубиле нивната ќерка во третото тримесечје од бременоста. Во почетокот на ноември, Кристина напиша на социјалните мрежи дека е хоспитализирана, со цел внимателно да се следи нејзиното бебе.
Пејачката на хитот „Jar of Hearts“ исто така доживеа спонтан абортус во јануари 2020 година. Таа дознала дека има проблем со згрутчување на крвта, што може да се лекува, па во октомври 2022 година го доби девојчето Пикси Роуз.
Таа и нејзиниот сопруг имаат постара ќерка, Кармела, која е родена во 2018 година.
Бијонсе
Во документарниот филм од 2013 година, Life is But a Dream, Бијонсе прозборува за нејзиниот спонтан абортус, што го имала пред да забремени со своето прво дете, ќерката Блу Ајви.
„Пред околу две години бев бремена за првпат. Го слушнав чукањето на срцето, што беше најубавата музика што сум ја слушнала во животот“, се присетува таа.
Но, недолго потоа ѝ било кажано дека повеќе нема срцева реакција. Бијонсе и раперот Џеј Зи се родители и на близнаците Сер и Руми, родени во 2017 година.
Мишел Обама
Во мемоарите, Мишел Обама открива дека таа и Барак имале проблем да забремени и дека доживеала спонтан абортус. Исто така сподели дека и Саша и Малија, двете ќерки на парот, биле зачнати преку ин витро процедура.
„Се чувствував изгубено и осамено, чувствував како да не успеав. Затоа што не знаев колку се чести спонтаните абортуси. Затоа што не зборуваме околу тоа. Седиме во сопствената болка, мислејќи за тоа дека сме скршени“.
Аланис Морисет
Во јуни 2020 година, кантавторката Аланис Морисет откри дека многу се борела додека се обидувала да го зголеми своето семејство.
„Сето тоа не беше идеална ситуација“, сподели таа.
„Имав еден куп спонтани абортуси… имав и моларна бременост“.
И покрај нејзините тешкотии, таа не дозволувала разочарувањата да ја запрат.
Аланис е мајка на Евер, Оникс и Винтер.
М. Ѓ | Црнобело