Помалку познати детали од животот на Рис Витерспун: Била сексуално нападната на 16 години, беше уапсена
- Детали
- сабота, 16 декември 2023
„Чувствувам одвратност кон режисерот кој ме нападна кога имав 16 години, како и гнев кон агентите и продуцентите кои ме натераа да мислам дека моето молчење е услов за да имам работа. Посакувам да можев да кажам дека тоа било изолиран инцидент во мојата кариера, но не е. Сум имала неколку ситуации каде што сум била малтретирана и сексуално вознемирувана, и не зборувам често за нив“, изјави Рис Витерспун во една пригода.
Најпозната по улогата во Legally Blonde, Рис Витерспун е талентирана актерка со плодна кариера.
Може да се пофали со неколку престижни филмски награди како Оскар, но и бројни номинации.
Таа е и мајка на три деца, а има и сопствен моден бренд.
Иако е една од најпознатите холивудски актерки, сигурни сме дека не сте ги знаеле следниве работи за неа:
На 16 години била сексуално нападната од режисер
За жал, Рис Витерспун е само една од многуте жени во Холивуд кои биле злоупотребени, и тоа уште во тинејџерските години.
Во 2017 година, актерката држеше говор на настанот Women in Hollywood каде што го сподели своето искуство.
„Чувствувам одвратност кон режисерот кој ме нападна кога имав 16 години, како и гнев кон агентите и продуцентите кои ме натераа да мислам дека моето молчење е услов за да имам работа.
Посакувам да можев да кажам дека тоа било изолиран инцидент во мојата кариера, но не е. Сум имала неколку ситуации каде што сум била малтретирана и сексуално вознемирувана, и не зборувам често за нив“.
Била присилена да снима секс сцена
Ова е уште еден проблем со кој се соочуваат бројни актерки во Холивуд.
Во филмот Fear од 1996-та, актерката глуми тинејџерка чиј дечко е опасна личност. Кога го снимала филмот, актерката имала 19 години и открива дека се чувствувала непријатно кога требало да снима секс сцена.
Актерката истакнува дека во сценариото пишувало едно, а режисерот ја терал да прави сосема друго.
„Во сценариото не пишуваше дека треба да се случи тоа. Па, мислам дека режисерот самиот си го измисли кога ме натера да ја снимам сцената. И, му реков не. Ова беше лошо искуство“.