Ја запознал на забава во џакузи, 12 години е помлада од него – Со каква девојка Џо Манганиело ја замени Софија Вергара?
- Детали
- понеделник, 11 декември 2023
Наводно парот се запознал на забава со џакузи, а откако случајно се нашле еден до друг, не престанале да зборуваат. Која е новата девојка на бившиот сопруг на Софија Вергара, Џо Манганиело, со која за првпат се појави во јавност на црвен тепих?
Поранешниот сопруг на Софија Вергара, Џо Манганиело, е среќен и вљубен и не се срами тоа да го покаже. Тој се појави на хуманитарна гала вечер заедно со новата девојка Кејтлин О'Конор која гордо позираше со него на црвениот тепих.
Само неколку месеци по објавувањето на веста дека се разведуваат, Софија Вергара (51) и Џо Манганиело (46) одлучија да продолжат со своите животи.
Додека убавата актерка со колумбиско потекло е во нова љубовна врска со познат ортопед, Џо се појави на настан со својата 12 години помлада девојка, која исто така е актерка.
Во саботата (09.12) речиси сите погледи беа вперени во Кејтлин О'Конор која на црвениот тепих позираше во зелен фустан и успеа да измами воздишки, подеднакво и кај машката и кај женската популација.
Кејтлин О Конор е 33-годишна актерка, која на настанот го придружуваше својот дечко кој вечерта доби награда за неговите хуманитарни и филантропски дејствија.
За Кејтлин се знае дека била родена во 1990-та година, а во 2007-ма година се преселила во Лос Анџелес каде играла во повеќе познати серии како Two and a Half Men, Key and Peele, Entourage, a била дел и од повеќе познати модни кампањи.
Наводно, Кејтлин и Џо се запознале на мала неофицијална забава по премиерата на филмот за Los Angeles Lakers во септември годинава. На забавата имало и џакузи, каде Џо и Кејтлин случајно се нашле заедно и не можеле да престанат да зборуваат цела вечер, по што почнале да се гледаат.
Тие се обиделе на почетокот врската да ја чуваат во тајност, но во повеќе наврати беа уловени од папараци како заедно одат во теретана или се шетаат.
Според извори блиски до парот, на Џо му се допаѓа тоа што Кејтлин секогаш знае како да го насмее и има одлична смисла за хумор.