Детали за новата романса на Џиџи Хадид (28) и Бредли Купер (48) : „Среќни се, се запознаа преку Ирина Шајк“
Истиот извор додава и дека Џиџи го поддржува актерот во неговиот обид да се држи настрана од алкохол, а за него ова било особено важно.
Бредли е во добар однос со бившата Ирина Шајк за која, пак, се шпекулира дека е во врска со Том Брејди. А, ова наводно го поттикнало актерот и тој да најде љубов.
„Бредли сака да биде во врска. Џиџи е навистина кул и знае како да се однесува со славни мажи, па двајцата се забавуваат.
Бредли не е љубоморен што Ирина е со Том Брејди, но ова му даде поттик да почне да излегува со жени и да најде добра партнерка.
Засега сакаат да видат кон каде ќе се движи врската. Има потенцијал да се претвори во нешто сериозно“, открива друг извор.
Page Six открива дека всушност Ирина била таа што ги запознала.
„Џиџи го запозна Бредли преку Ирина и нивните заеднички пријатели во индустријата.
Ирина и Џиџи се зближија низ годините, а Џиџи и Бредли се имаа дружело и претходно, но секогаш во друштво на пријатели“.
Додека Ирина и Бредли се поддржуваат кога станува збор за љубовни врски, изворот вели дека бившиот на Џиџи – Зејн Малик – не е најсреќен.
„Зејн слушна за романсата и ја мрази. Не бидејќи е Бредли, туку вака се чувствува за кој било маж. Тој уште чувствува поврзаност со Џиџи и не сака да ја види со некој друг.
Одамна се разделија, но имаат многу историја, а имаат и дете заедно. Па, Џиџи и Зејн мора да бидат во контакт, а ова има лошо влијание врз неговите емоции“.
За потсетување, Бредли и Ирина беа заедно четири години, пред да се разделат во 2019-та. Лани имаше гласини дека можеби се смириле, но ова не беше потврдено.
Џиџи, пак, по разделбата со Зејн, беше поврзувана со Леонардо ди Каприо, но ни оваа романса не беше потврдена.
Во меѓувреме, Леонардо беше забележан на музичкиот фестивал Coachella со Ирина Шајк.
Спирова С. | Црнобело