По третманите за слабеење што ја изобличија, Линда Еванџелиста ги отстранила дојките поради рак: „Знам дека сум со една нога во гроб“
- Детали
- среда, 06 септември 2023
„Резултатите не беа добри, а поради други здравствени фактори, без двоумење се одлучив за двојна мастектомија. Мислев дека сум го решила овој проблем. Дека ракот на дојка нема да ме убие“, вели Линда Еванџелиста. Минатата година, ракот се вратил и таа направила уште една операција, а истакнува дека постои голем ризик повторно да се соочи со болеста.
Минатата година, Линда Еванџелиста откри дека телото ѝ било изобличено од лошо изведен третман за слабеење, а ова имало негативно влијание врз нејзината кариера.
Сега, пак, во ново интервју, 58-годишниот модел откри дека во тајност се борела со рак на дојката. Истовремено, Линда морала да направи двојна мастектомија, односно да ги отстрани двете дојки.
Во интервју за магазинот WSJ, Линда откри дека во декември 2018 година добила дијагноза за рак на дојка.
„Резултатите не беа добри, а поради други здравствени фактори, без двоумење се одлучив за двојна мастектомија. Мислев дека сум го решила овој проблем. Дека ракот на дојка нема да ме убие“.
Ракот бил откриен во рана фаза и Линда закрепнала релативно брзо. Но, во јули минатата година, повторно забележала грутка во областа на градите.
Веднаш отишла на лекар кој утврдил дека овојпат имала рак на градниот мускул.
Исплашена, Линда само му рекла на лекарот:
„Направи ми дупка во градите. Не сакам да изгледам убаво. Сакам да го извадиш (ракот). Сакам да видам дупка во градите кога ќе завршиш. Нема да умрам од ова“.
И втората операција поминала добро.
Сепак, во интервјуто Линда истакнува дека штом еднаш ѝ се вратил ракот, ништо не може да ѝ даде гаранција дека тоа нема да се случи повторно.
Линда вели и дека поради бројни фактори, кај неа ризикот за појава на рак е секогаш поголем.
„Знам дека сум со една нога во гробот, но сега славам“.
Супермоделот открива и дека мал број луѓе знаеле за нејзината битка со ракот и скоро потполно сама ја водела страшната битка.
Како што веќе спомнавме, ова не е првпат Линда да се соочи со сериозни проблеми со здравјето.
По процедурата позната како CoolSculpting чија цел е да се намалат масните клетки, Линда имала ретка несакана реакција. Па, нејзините масни клетки наместо да се намалат, почнале да се зголемуваат.
Поради ова, нејзиното тело се изобличило, па моделот буквално се криеше од јавност со години.
Во 2022-ра, таа собра храброст и ја сподели нејзината битка, изјавувајќи дека повеќе не сака да живее во срам.
„Ако знаев дека несаканите ефекти од процедурата се дека може да ја изгубам работата, никогаш не би ризикувала. Дали менталното здравје ми е во подобра состојба? Апсолутно не.
Но, благодарна сум за поддршката од моите пријатели и од модната индустрија… Но, едно е сигурно – нема да ме видите во костим за капење“.
Откако ја сподели својата приказна, Линда повторно стана активна во светот на модата, па дури и ја краси насловната страница на септемвриското издание на Vogue, каде што позира со Наоми Кемпбел, Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон.
Спирова С. | Црнобело